Австралиската авиокомпанија „Qantas“ беше избрана за најбезбедната авиокомпанија во светот во 2019-та година според ранг-листата на „AirlineRatings.com“ во која се вклучени 405 превозници.
„Qantas“ го зазема првото место од 2014-та година. За изготвување на листата, сајтот зема во предвид неколку фактори, како инциденти со авиони на авиокомпании, профитабилноста, возраста на флотата и иницијативите за подобрување на воздушната безбедност.
„Qantas“ е сметана за најискусна авиокомпанија во индустријата, а во 98-годишната историја е многу посветена во развојот на безбедноста. Австралиската авиокомпанија беше пионер во развојот на „Future Air Navigation System“, регистар на податоци за летовите, за да го следи претставувањето на авионот и активностите на екипажот.
Во листата на 20-те најбезбедни авиокомпании во светот во 2019-та година влегуваат уште „Air New Zealand“, „Alaska Airlines“, „All Nippon Airways“, „American Airlines“, „Austrian Airlines“, „British Airways“, „Cathay Pacific Airways“, „Emirates“, „EVA Air“, „Finnair“, „Hawaiian Airlines“, „KLM“, „Lufthansa“, „Qantas“, „Qatar“, „Scandinavian Airline System“, „Singapore Airlines“, „Swiss“, „United Airlines“ и „Virgin group“.
„Овие авиокомпании се прмиер во индустријата и се во предна позиција за безбедност, иновации и воведувањето на нови авиони“, забележува главниот уредник на „AirlineRatings.com“, Џефри Томас.
Најбезбедна нискотарифна авиокомпанија во светот е „Flybe“, а по неа се рангирани „Frontier“, „HK Express“, „Jetblue“, „Jetstar Australia/Asia“, „Thomas Cook“, „Volaris“, „Vueling“, „Westjet“ и „Wizz Air“. Овие компании успешно го положија строгиот тест за оперативна безбедност на Меѓународната асоцијација за воздушен транспорт (ИАТА).
Томас забележува дека сите авиокомпании секојдневно имаат инциденти поради проблеми со производството, но она што ја дефинира безбедноста на одредена компанија, е начинот на дејствување и дозволените грешки од екипажот.
Компаниите со најлоша оценка во областа на безбедноста се „Ariana Afghan Airlines“, „Bluewing Airlines“, „Kam Air“ и „Trigana Air Service“.