Аналитичарот на Atherton Research, Jean Baptiste Su предвидува дека годинашните iPhone модели ќе добијат USB Type-C приклучок, Touch ID сензор под екранот, помал notch и обновена фотографска компонента (три задни камери).
iPhone уредите за 2019. година би требало да пристигнат со USB Type-C приклучок. Сегашните модели на iPhone користат Lightning приклучок, но треба да се потсети дека компанијата од Купертино во своите iPad Pro модели од 2018. година вгради USB 3.1 Type-C приклучок, па лесно е можно овој конектор да го добијат и следните iPhone модели.
Исто така, Apple во годинашниот iPhone би можел да вклучи и Touch ID сместен под екранот на уредот (про примерот на останатите годинашни ривалски паметни телефони, како што е на пример Galaxy S10 серијата на Samsung).
Su споменува и нешто помал засек (notch) во однос на моделите од 2018. година и обновена фотографска компонента (систем на три камери од задната страна), која се базира на новите сензори на Sony (можеби дури и 3D камера). Сето наведеното засега се само непотврдени гласини кои компанијата од Купертино не сакаше да ги коментира.
Овие предвидувања ги поткрепуваат и рендерите кои се појавија на Twitter, но кои сепак треба да се земат со голема резерва.
Alleged renders of #iPhoneXI prototype, features three rear cameras and square camera bump ?? pic.twitter.com/lGNkd36t4x
— Ben Geskin (@BenGeskin) January 6, 2019