За да се прочисти воздухот и да се намали емисијата на штетни гасови, пакистанскиот пристаништен град Карачи ќе почне да користи „позелени“ автобуси кои ќе трошат навистина „зелено“ гориво – кравји измет. Мрежата Green Bus Rapid Transit (BRT) е составена од 200 автобуси кои возат на биометан и имаат нула емисија на штетни гасови, пренесува „eco-business.“
Локалното население очекува новиот автобуски систем, чија промоција е најавена за 2020 година, да помогне да се намали загадувањето и бучавата по улиците, но се сомневаат дека автобусите ќе бидат доволни за да се оживее транспортниот систем во градот.
Системот BRT е првиот проект за транспорт кој го одобрил фондот Green Climate Fund и ќе има поголеми еколошки и економски бенефити. Евтината и чиста мрежа од автобуси ќе може да пренесува по 320.000 патници дневно и ќе ја намали емисијата на штетни гасови на годишно ниво за 2,6 милиони тони јаглерод диоксид.
Поврзани артикли