Во подготовките за реализација на првата човечка мисија на Марс, полската дизајнерка Марта Флишиковска ја претстави својата идеја за тоа како ќе изгледаат носовите на идните колонисти на Црвената планета. Според сите сознанија, по колонизацијата на Марс, носот на идните жителите на Црвената планета ќе мора да се промени и да се прилагоди на новите услови на живот.
Марта Флишиковска разви три дизајни на “совршени носови” отпечатени на 3D печатач. Како што вели авторката, секоја од опциите има свои предности и карактеристики кои ќе го поедностават животот на Марс.
Во процесот на еволуцијата, човечкиот нос во различни нации постојано се менувал, прилагодувајќи се на околната клима. Колонизаторите на Марс исто така со текот на времето ќе мора да изгледаат поинаку од луѓето кои ја населуваат Земјата.
Флишиковска при креирањето на идните носеви на жителите на Марс ги зела предвид сите услови на Црвената планета, вклучувајќи ја ниската температура и притисок, како и тенката атмосфера, поради што сончевите зраци подобро ја пробиваат планетата.
Поврзани артикли