Viber постои веќе осум години, а во првите четири години генерира голем број корисници, за во 2014 година за милијарда долари да ја купи јапонскиот гигант Rakuten.
Денес има околу милијарда регистрирани корисници кои постојано очекуваат нови опции и поедноставна комуникација.
Гласовните пораки обично се користат затоа што се побрзи и поедноставни, со оглед на тоа што повеќето корисници побрзо зборуваат отколку што пишуваат. Така и на Viber расте бројот на пораки испратени во аудиоформат, а експертите претпоставуваат дека дошло до тоа затоа што сѐ поголем број луѓе се навикнале да задаваат гласовни команди на дигиталните асистенти, така што оваа навика се пренесува и на комуницирањето со другите корисници.
Затоа, максималната должина на гласовите на вибер-пораките е продолжена на 15 минути и во неа може да собере цел монолог со голем број информации.
Иако се побрзи кога станува збор за испраќање, гласовните пораки сепак се понезгодни од текстуалните бидејќи не може да се преслушаат во секоја ситуација, па Viber најави опција што во иднина ќе ги претвора гласовните пораки во текст за сите да бидат задоволни.
Поврзани артикли