Можно е дека ќе поминат неколку години додека Google Fuchsia OS не почне да се појавува на уредите, но кога тоа ќе се случи, оперативниот систем најверојатно ќе може да ги покренува Android апликациите.
Сајтот 9to5Google откри нов фајл во рамките “Android open source project”, кој укажува на тоа дека ќе се користи за “изградба на ART за Fuchsia sistem”. Со други зборови, Google развива специјална верзија на ART (Android Runtime) која ќе се користи за стартување на Android апликации на претстојниот оперативен систем.
Фајловите се разликуваат од оние на вообичаените Android уреди, бидејќи не целат на специфичен хардвер. Тие ќе креираат Fuchsia пакет (.far фајл), што веројатно значи дека корисниците ќе можат да ја инсталираат верзијата Android Runtime на било кој уред, што го користи Fuchsia софтверот.
Врз основа на она што веќе го знаеме, Fuchsia OS ќе може да работи на PC уредите, смартфоните и таблет уредите, а конечно би можел да ги замени Android и Chrome OS.