Познатиот актер, комичар и музичар Џек Блек е на сериозен пат да стане нов миленик на публиката на „Јутјуб“ – популарната платформа за објавување на видео-содржини.
Имено, пред само десетина дена тој направи свој канал под името Jablinski Games, најавувајќи го како нов проект во кој ќе игра видеоигри и ќе ги коментира истите, додавајќи дека неговиот син го убедил на тоа.
Љубителите на оваа платформа коментираат дека ваков пораст на бројот на следбеници не успеал да оствари никој во историјата на „Јутјуб“.
За сега, Блек покрај воведното има само уште едне видео, во кое на публиката и се заблагодарува за првиот милион, со порака до следбениците дека повеќе ќе се гледаат во 2019 година.