Американската вселенска агенција НАСА ја започна Новата година со историско откритие – фотографија на најоддалечениот вселенски објект во Сончевиот систем.
Фотографијата на небесното тело „Ултима Туле“ е направена од сондата „Њу Хорајзонс“ на американската вселенска агенција „НАСА“, околу 30 минути после полноќ по локално време.
Контролорите во Лабораторијата за применета наука при Универзитетот „Џонс Хопкинс“ го прославиле моментот кога сигналот од леталото бил „фатен на Земјата“.
Претходно било пресметано дека објектот е долг околу 32 километри, а широк 16 километри, а после направената фотографија, од „НАСА“ тврдат дека сега научниците и инжинерите ќе можат детално да ја утврдат големината.
Фотографијата, како што пренесува „СиЕнЕн“ е направена на оддалеченост од 500 илјади милји, или околу 800 илјади километри. Според научниците, постои можност дури да станува збор за две небесни тела.
„Постојат две работи кај „Ултима Туле“ кои што се важни за науката. Најпрвин, со оглед на тоа што е така далеку од Сонцето, сончевите зраци едвај се пробиваат, а температурите се на апсолутна нула. Како резултат на тоа, се е замрзнато, па небесното тело е сочувано во својата оригинална состојба“, изјави главниот истражувач Алан Стерн.
Објектот „Ултима Туле“ се наоѓа зад Плутон каде што во 2015-та година прелета сондата „Њу Хорајзонс“ и испрати некои од најдеталните фотографии од тоа небесно тело досега. Инаку, сондата на „НАСА“ бешеш лансирана во 2006-та година.
Поврзани артикли