Американскиот претседател Доналд Трамп има намера да им забрани на американските компании да користат опрема произведена од кинеската компанија Huawei, што сигурносните експерти го препознаа како нов удар на трговската војна помеѓу САД и Кина.
Порталот Sputnik направи интервју со сигурносниот експерт Даниел Ајвс, кој е директор на Wedbush Securities, компанија лоцирана во Њујорк.
Ајвс вели дека потенцијалната забрана за користење на производите на Huawei ќе ги зголеми трошоците на американските компании и понатаму ќе влијае на цените на производите кои тие ги нудат на пазарот. Тој искажа загриженост за домашните купувачи, кои тврди дека ќе бидат најпогодени од ваквата забрана.
Инсистирањето на Доналд Трамп да го затвори домашниот пазар и да се фокусира на американски производи резултираше во неколку измени во полето на трговијата, а последна од нив, иако засега само потенцијална, е забраната за користење на производите на Huawei. Според Ајвс, целата борба на пазарот орбитира околу 5G технологијата, која ќе биде една од клучните технолошки алатки во иднина.
„Работата е во тоа што Кина и САД се борат за доминација во борбата за 5G технологијата и сметам дека тоа е вистинскиот центар на трговската војна. Погледнете каде оди 5G технологијата и потоа погледнете го ‘Планот 2025’ на Кина. Мислам дека администрацијата на Трамп треба многу внимателно да му пристапи на овој проблем, бидејќи на крајот тоа ќе влијае не само на технолошкиот напредок, туку и на односите помеѓу САД и Кина во иднина“, вели Ајвс во интервјуто за Sputnik.
Како што кажува Ајвс, борбата за 5G технологијата не го опфаќа само пазарот на САД, ниту пак само оној во Кина, туку влијае за технолошкиот напредок на целиот свет. Тој предупредува дека во случај на неодговорност или погрешно решение од страна на САД (или Кина), тогаш противникот ќе испадне победник, но светот може многу да изгуби.
„Ако ова е само уште една тактика со која Кина би се искачила на врвот, тогаш тоа значи дека во наредните неколку месеци администрацијата на САД треба да биде многу внимателна како ќе постапи во односите со Кина“, додава Ајвс.
Поврзани артикли