Паметни униформи за учениците – нема веќе бегање од часови

Кинеските училишта отсега ќе можат да ги следат учениците благодарение на новите паметни униформи во кои се вградени посебни чипови. На овој начин Кинезите сакаат да ја зголемат присутноста на учениците на наставата.

Сепак, примената на овие униформи според критичарите и голем број родители е прилично застрашувачка. Од друга страна, кинеските наставници тврдат дека паметната технологија која ќе помогне во следење на учениците може да биде од корист во одредени ситуации, не само кога учениците ќе одлучат да бегаат од часови туку и во сериозни безбедносни ситуации.

Секоја униформа има вградено два чипа што ќе го следат движењето на учениците, кога влегуваат и излегуваат од училиштето, а со помош на софтвер за препознавање на лицата на влезовите, наставниците ќе бидат сигурни дека секој ученик си ја носи својата униформа.

Униформите ќе може да се перат без никакви пречки иако се опремени со паметна технологија.

Паметните униформи засега се воведени во десет училишта.