Безбедносна агенцијата за борба против хакирањето привремено ги “киднапира“ Твитер профилите на бројни познати личности.
“Овој профил привремено беше киднапиран од Insinia Security“, гласеше текстот на твитот кој во четвртокот се појави на бројни профили на познати личности, меѓу кои и Емона Холмс и Луис Терук. Пораката, исто така, се појави на насловната страница на Твитер на дописникот на Independent, Симон Стоун.
Insinia Security објасни дека ова е направено поради опасностите од безбедноста на телефонските броеви поврзани со профилот на Твитер.
Извршниот директор на Insinia Security, Мајк Гофри, потврдил за Independent дека неговата агенција го направила ова, објаснувајќи ја причината.
“Со години предупредуваме дека употребата на смс пораки за автентикација, интеракција или безбедност е сосема неприфатлива и дека на овој начин профилите на луѓето се ранливи на напад“, додал тој.