Кинеските хакери влегле во мрежите на Hewlett Packard Enterprise Co и IBM, а потоа преку нив користеле пристап за влез во нивните компјутери, пишува Ројтерс, цитирајќи пет извори запознаени со нападите.
Нападите биле дел од кинеската кампања позната како Cloudhopper, а за која САД и Велика Британија соопштија минатата недела. Според американските и британските власти, хакерите ги таргетирале провајдерите на технолошки услуги, за да украдат деловни тајни од нивните клиенти. Засегнати се голем број на компании од најмалку 12 земји, односно САД и нивните партнери, додава Ројтерс.
Иако доста специјализирани фирми и владини агенции задолжени за сајбер безбедност направија бројни предупредувања за заканата од Cloudhopper уште во 2017 година, тие не можеа да ги откријат технолошките компании, чии мрежи биле компромитирани.
Според International Business Machines Corp, нема докази дека хакерите дошле до чувствителни корпоративни податоци.
Корпорациите и владите се почесто вработуваат технолошки компании, познати како провајдери на технолошки услуги, кои управуваат со операциите во областа на информатичката технологија, вклучувајќи тука одржување на сервери, складирање на податоци, работата во мрежа и останати канцелариски услуги.
Поврзани артикли