Сопирачките на хиперавтомобилот на Bugatti се изработени од титаниум на 3D-принтер.
Групацијата Volkswagen објави видео од тестирањето на првите титаниум сопирачки на светот отпечатени на 3D печатач. Истите претставуваат моноблок чија вкупна тежина е 2 килограми помала од истите направени од алуминиум, а ќе бидат поставени на хиперавтомобилот Bugatti Chiron.
Сопирачките се направени од титаниумски прав, а за печатење е користен 3D-печатач од компанијата Laser Zentrum Nord. Самиот процес на изработка трае 45 часа, време за кое четири ласери со моќност од по 400 вати печатат по 2.213 слоја од титаниумски прав и го претвораат во една компонента кој потоа се подложува на термички, хемиски и механички третман за да биде поотпорна на деформација.
Целиот текст можете да го прочитате на автомобилскиот портал Додај Гас