Веќе објавивме дека кинеската премиера на Honor View 20 ќе се одржи следната недела, а глобалното промовирање е планирано за 22 јануари во Париз.
Неодамна, кинеската компанија откри дека уредот ќе понуди вградена видео камера и ќе го користи 48MP Sony IMX586 сензор за својата главна камера која ветува подобрени слики. Новите тизери од источната земја откриваат повеќе детали на телефонот.
Јасно е дека Honor View 20 ќе има 4000 mAh батерија, а поставената камера во левиот агол ќе понуди резолуција од 25 мегапиксели.
Смартфонот, кој ќе биде достапен во Кина како Honor V20, исто така ја вклучува функцијата Link Turbo за истовремени 4G и Wi-Fi превземања на поголеми датотеки.
Официјалната премиера на Honor View 20 во домот на Huawei ќе се одржи на 26. декември.