Gboard е една од најдобрите виртуелни тастатури за паметни телефони, која секогаш се одликува со брзина на работа и разновидни опции за персонализација. Апликацијата има „user-friendly“ интерфејс и ги нуди сите функции кои ви требаат за да комуницирате со вашите пријатели. Gboard се прилагодува кон вашиот личен стил на пишување и овозможува лесно да внесувате емоџи, стикери и GIF датотеки по своја желба.
Апликацијата е исклучително добра и во внесувањето на текст и сега поддржува над 500 различни јазици, што е прилично импресивно. Постигнувањето на оваа вредност станува факт приближно две години по официјалната премиера на мобилната апликација. Toа на најдобар начин покажува како за овој период Gboard стана еден од најпопуларните наслови за паметни телефони со Android, пренесе DigitalTrends.
На овој начин Gboard строго ја следи својата амбициозна цел да овозможува да комуницираме на најприроден начин со најблиските, независно од јазикот кој го зборуваат. За споредба, при стартот на услугата во крајот на 2016-та компанијата објави поддршка на 100 различни јазици. Сега две години подоцна оваа вредност е веќе петкратно повисока и ќе продолжи да се зголемува во 2019-та. Gboard користи и алгоритми со вештачка интелигенција, со што е максимално корисна.