Иако ZTE Axon M (од 2017. година) е склоплив телефон, уредот користи два одвоени 5,2-инчни екрани кои се поврзани со шарка. Ова секако не е истата технологија која ја користат Samsung, Huawei, LG и другите компании за своите флексибилни телефони кои се очекуваат следната година.
Компанијата претходно оваа година поднесе барање за патентирање на дизајн на флексибилен телефон, кој сега е објавен од CNIPA организацијата во Кина.
Патентот на ZTE открива екран од предната страна. На задната страна се наоѓаат две камери и сензор за отпечатоци од прст. Кога во целост ќе се отвори/расклопи, уредот станува таблет. ZTE во пријавата за патент не ги вклучи техничките детали, но се знае дека големината на таблет дисплејот ќе биде двојно поголема од екстерниот екран.
Останува да се види дали ZTE ќе го имплементира овој патент во конкретен производ и колку ова ќе и помогне на компанијата да се натпреварува на пазарот со другите гиганти, кои најавија свитливи уреди за следната година.