Ракетата на компанијата SpaceX опремена со американскиот воен сателит за навигација беше лансирана од безата Кејп Канаверал на Флорида.
Со ова лансирање се прави преседан, со тоа што за прв пат се користи приватна ракета за да се употреби за вселенска мисија за национална безбедност. Ракетата Фалкон 9 е опремена со ГПС сателит, вреден 500 милиони долари, изработен од Lockheed Martin Corp. Ракетата полета од Кејп Канаверал во 8.51 часот по локално време.
Успешното лансирање е победа за компанијата на милијардерот Илон Маск која се бави со изработка на вселенски летала и со години се обидува да се пробие на пазарот на воените вселенски летала каде што доминираат Lockheed и Boeing.
SpaceX во 2014 го тужеше американското воено воздухопловство околу повеќе милијарди вредниот договор за лансирање 36 ракети кој без тендер му беше доделен на Јунајтед лонч алајенс, парнерството меѓу Lockheed и Boeing. Компанијата SpaceX се откажа од тужбата во 2015, откако военото воздухопловство се согласи да отвори тендер.
Следната година SpaceX доби 83 милиони долари вреден договор со американското воено воздухопловство за лансирање сателити ГПС 3, кој ќе потрае 15 години.
Ова беше лансирање на првиот од вкупно 32 сателити со вкупна вредност од 12,6 милијарди долари кои Lockheed ќе ги произведе за програмата ГПС 3 за американското воено воздухопловство, наведе портпаролот на Lockheed, Чип Ешенфелдер.
Лансирањата требаше да почнат во 2014 година, но ги одложија пречките во производството. Следниот ГПС 3 сателит ќе биде лансиран кон средината на 2019, додека останатите сателити се на лансирања во Колорадо, соопшти Локид.
https://youtu.be/BjhXpw46Qow