Кога станува збор за онлајн нарачки на овој Божик, американските потрошувачи трошат повеќе од кога било, објави Блумберг.
Купувачите од другата страна на Океанот, во периодот од 1 ноември до 19 декември потрошиле рекордни 110,6 милијарди долари во онлајн нарачки. Ова е околу 17 милијарди долари повеќе отколку во истиот период минатата година, според Adobe Analytics. А со т. н. „Супер сабота“ – последната сабота пред Божиќ, вкупните трошоци на интернет во последните два месеци од годинава се очекува да достигнат најмалку 126 милијарди долари, што е највисоко ниво во историјата.
Половина од сообраќајот во сајтовите за пазарување оваа година доаѓа од купувачите кои ги користат нивните паметни телефони, велат од Adobe. Но, повеќето Американци се уште преферираат да купуваат преку својот компјутер. 61% од потршените на интернет долари доаѓаат од купувања преку десктоп компјутер оваа година, иако се повеќе и повеќе луѓе сурфаат на интернет од нивните телефони.
Купувачите се подготвени да трошат повеќе оваа сезона, со зголемувањето на довербата на потрошувачите, цените на горивото се намалуваат, а платите се зголемуваат. За целите на своите истражувања, Adobe ги вклучи трансакциите во 80 од првите 100 онлајн продавници во САД.