Кампањата на Xiaomi со тизери за Play смартфонот, кој ќе биде претставен на 24. декември е во полн ек. Претходно се појави податок дека телефонот ќе пристигне со 10 GB RAM бесплатен месечен проток, а најновите тизери се уште поинтересни.
Изгледа дека кинеската компанија би можела да објави дека Xiaomi Play е светски рекордер во некој сегмент, судејќи според фотографиите кои се појавија.
Weibo објавата сугерира дека основачот на компанијата Леи Јун ќе присуствува на објавата на телефонот во понеделник и дека со уредот ќе проба да го надмине Гинисовиот рекорд, но не е познато во кој сегмент.
Xiaomi Play би требало да има 5,84-инчен FHD+ дисплеј, систем со две камери и сензор за отпечаток од прст на задната страна, 8 MP селфи камера, 3000mAh батерија, засек во облик на капка во екранот. Мемориските опции вклучуваат 4GB/G4GB, 6GB/64GB и 6GB/128GB комбинации за RAM и простор за складирање.