Една од најголемите пречки кога станува збор за масовна употреба на електричните автомобили е нивната превисока цена во споредба со слични модели со бензински или дизел мотори.
Германската стартап компанија e.Go Mobile се чини дека е блиску до решение за овој проблем, а нејзиниот одговор е моделот Life.
Овој електричен автомобил е дизајниран главно за возење во урбани услови или на пократки меѓуградски растојанија, бидејќи неговата автономија се движи од 121 до 184 км, во зависност од големината на вградената батерија.
Од батеријата зависи од цената на овој модел, која се движи од 15.900 евра, цена за најевтиниот модел со капацитет на батеријата од 14.9 kWh, над 17.400 евра за верзијата со капацитет 17.9 kWh, до 19.900 евра за верзијата со најмоќна батерија од 23,9 kWh.
Основниот модел со целосно наполнета батерија без запирање може да помине 121 километри, мерено според стандардот NEDC, верзијата со батерија од 17.9 kWh има автономија до 142 километри, додека верзијата со најголема батеријата во теорија е способна за пат од 184 километри.
Компанијата e.Go Mobile изнесува и пореална проценка за возење во градски услови, каде што резултатите се малку поскромни во зависност од големината на батеријата – од 104, 124 до 158 километри соодветно.
Моделот со најмала батерија, Life 20, има погонска единица со моќност од 27 КС (20 kW), средната варијанта, Life 40, 54 КС (40 kW), а моделот со најмоќна батерија, Life 60, обезбедува 82 КС (60 kW).
Целиот текст можете да го прочитате на автомобилскиот портал Додај Гас
Поврзани артикли