Нова јапонска компанија за производство на домашни роботи, на пазарот влегува со нов пристап, со помош на роботот Lovot кој што е креиран само за да биде сакан.
Овој робот не е задолжен за помош во куќата и не врши секојдневни задачи, туку служи за сопственикот да создаде со него еден однос, сличен како да има домашно милениче. Од јапонската компанија велат дека првото што ќе го забележите кај овој робот се очите полни со љубов, а гласовите кои што ги испушта придонесуваат роботот да се доживее како нешто повеќе од обична машина. Роботот Lovot се движи со помош на три тркала, а располага со функции кои му овозможуваат да покаже дека е изненаден, дека некој му се допаѓа, па дури и да го замоли сопственикот да го земе роботот во раце.
Делот од роботот кој што ја претставува главата е резервиран за група на сензори и камери со чија што помош Lovot препознава гласови и лица, а може да распознае дали станува збор за човек и домашно милениче од предмет, благодарение на топлотните сензори. Роботот е чувствителен на допир.
Lovot би требало да се појави на пазарот на почетокот на 2019. година, по цена од три илјади долари, така што љубовта сепак не доаѓа по поволна цена