Холандска компанија развива електричен автомобил кој ќе има автономија од речиси 800 километри, а батеријата ќе се полни преку соларни панели.
Еден од најголемите проблеми на електричните автомобили е траењето на батеријата и инфраструктурата, како и недоволниот број на полначници, па затоа голем број на луѓе дури и не размислуваат за купување на автомобил на струја, бидејќи не сакаат да имаат проблем со постојана потрага по места за полнење. Решението за овој проблем со инфраструктурата, можеби го нуди холандската компанија Lightyear која моментално работи на возило кое ќе има вградени соларни панели преку кои ќе се полни батеријата.
„Во моментов нема многу електрични автомобили, бидејќи не постои инфраструктура за нив, а инфраструктурата не се гради, бидејќи нема многу автомобили“, коментира извршниот директор на Lightyear, Лекс Хоефслот за ситуацијата на пазарот на е-возила и додава дека неговата компанија има намера делумно да го заобиколи овој проблем преку развивање на автомобил што нема да се потпира толку многу на самата инфраструктура.
Тој со развој на концепт автомобили започнал уште како студент пред 5 години, а по факултетот веднаш започнал стартап компанија за развој на електрични возила со батерии кои се полнат преку соларни панели. Технологијата што ја користат – од мотор преку батерија до самите панели секоја година е се подобра, а перформансите на панелите се зголемуваат и ќе продолжат да растат со текот на годините.
Автомобилот на кој работат се уште не е претставен и не се знае како ќе изгледа, но Хоефслот вели дека секој елемент на возилото е така направен да троши што помалку енергија, па за автомобил вели дека е „ултра-ефикасен“. Благодарение на аеродинамиката и материјалите што се користат во развојот, нивниот автомобил може да користи полесна и помала батерија и да има многу голема автономија (се споменува речиси 800 километри автономија со едно полнење).
Целиот текст можете да го прочитате на автомобилскиот портал Додај Гас