Twitter објави дека додал нова функција во iOS верзијата на својата апликација. Корисниците сега можат да ги прегледуваат твитовите по обратен хронолошки редослед, што е и оригиналниот начин на кој функционираше популарната социјална мрежа. Оние кои сакаат, можаат да продолжат најпрвин да ги прегледуваат “топ твитовите”.
Додадена е нова sparkle икона во горниот десен агол, која го префрла тајмлајнот на корисникот помеѓу двата различни метода за преглед на пораки во рамките на апликацијата.
Twitter во септември најави дека работи на оваа нова функција. Компанијата тогаш истакна дека најголем број од корисниците преферираат прво да ги видат “топ твитовите”, но дека повремено сакаат да го видат својот тајмлајн по хронолошки редослед. Сега iOS корисниците најпрвин ја добија оваа опција, а Twitter истакнува дека наскоро ќе биде достапна и за Android.