Инвестицискиот фонд Vereeni Investments се здоби со 20% удел во компанијата Singular за почетна инвестиција од 5 милиони евра која се очекува да се зголеми во наредните 13 месеци врз основа на проектираните резултати.
Вредността на Singular по реализираната инвестиција се проценува на 25 милиони евра со потенцијал за понатамошен раст. Оваа вест доаѓа само неколку месеци по номинацијата на Singular за најиновативен софтвер во iGaming индустријата на светско ниво.
Singular (singular.uk) е интернационална компанија која оперира во iGaming и FinTech индустријата со седиште во Малта. Главните развојни бази на компанијата се лоцирани во Грузија и Македонија, со тоа што тимот во Скопје работи на софтвер за спортско обложување.
Со новата инвестиција Singular се приклучува на ‘Level Up’ фондот од Vereeni Investments чии главен фокус се иновативни компании од различни вертикали на iGaming индустријата (fintech, media, iGaming, business intelligence, software development, crypto and blockchain). Ваквиот бизнис екосистем на фондот отвара нови можности за Сингулар во насока на пазарна експанзија и развој на нови производи.
Пресуден фактор за нашата одлука да инвестираме во Singular беа иновативните решенија и постојаното унпредување на производот кое беше препознаено на глобално ниво во индустријата. – објаснува Timothy John Heath, еден од основачите на Vereeni Investments.
Тој понатаму додава: „Целта на Vereeni Investments е преку секоја аквизиција, спојување или заедничко вложување да се максимизира почетната инвестиција преку мрежата на инвестициското портфолио која нуди акумулирани експертски знаења, мрежа на контакти и стратешки капитал.“
Од Singular се подеднакво сигурни дека инвестицијата ќе ја зајакне позицијата на компанијата на глобалниот iGaming пазар:
„Инвестицското портфолио на Vereeni Investments во компании кои оперираат во комплементарни индустрии се очекува да донесе можности за ширење, не само на мрежата на клиенти туку и соработници. Ова само ќе ја зајакне понудата на Singular што ќе придонесе за експанзија не само географски, туку и во поглед на нови индустриски правци.
Приклучувањето на Vereeni Investments во сопственичката структура на Singular веќе донесе три нови клиенти од поголем ранг и од различен географски регион во портфолито на Singular“ – Дарко Гацов, Основач и Претседател на бордот на директори на Singular.
Поврзани артикли