Сондата Parker на НАСА ја заврши првата средба со Сонцето, влегувајќи во неговата атмосфера, а сега кружи околу ѕвездата. Како резултат од тој прелет добиена е првата фотографија која го прикажува струењето на короната.
Во позадина може да се види и Јупитер, светлата точка во близина на средина на сликата.
“Хелиофизичарите овој момент го чекаат веќе 60 години”, рекол шефот на Одделението за хелиофизика на НАСА, Никола Фокс, додавајќи: “Мистеријата на Сонцето која сакаме да ја разоткриеме се наоѓа внатре во самата корона!”.
NASA just released the first photograph shot inside the Sun’s corona https://t.co/wrK650GCLL via @diyphotography pic.twitter.com/AKI779vRX0
— Larry Tyner (@LarryTyner1) December 15, 2018
„Сондата Паркер ќе достави мерења неопходни за разбирање на Сончевите феномени“, вели Нур Рауфи, член на тимот кој работи на проектот Parker.
Вториот прелет е предвиден за април, 2019 година, а мисијата на сондата ќе трае до 2025 година.
NASA's Parker Solar Probe is flying closer to the Sun than any spacecraft before, speeding through the corona & collecting never-before-seen data. Now with data beaming back to Earth, it's time to start solving solar mysteries: https://t.co/v89UonWgVy pic.twitter.com/8s5wE6zak8
— NASA360 (@NASA360) December 14, 2018