Чешката Национална агенција за сајбер и информатичка безбедност предупреди на употребата на производите на кинескиот гигант „Хуавеј“ и кинеската телекомуникациска компанија „ЗТЕ“.
„Софтверот и хардверот на овие компании претставува безбедносна закана“, тврди чешката агенција, пренесе „АП“.
„Хуавеј“ е нејголемиот светски произведувач на мрежна опрема за мобилни телефони и интернет компании. Компанијата се најде на мета на американските безбедносни агенции поради поврзаност со кинеската влада.