Сомнителниот сообраќај кон форумот на корисниците на Твитер е дел од активности кои се поддржани од страна на владите на Кина и Саудиска Арабија, изјавил за Ројтерс неименуван извор од Твитер.
Британската агенција ја коригираше претходно објавената вест каде што наместо Саудиска Арабија ја споменува Русија, без да објасни како се случила оваа грешка.
“Компанијата не ги знае причините позади овие активности, но веќе ги информираше корисниците дека посветува големо внимание на проблемот“, изјави изворот од Твитер.