Google повеќе нема да им дозволува на корисниците да прикачуваат видео содржини од сите формати, кои на тој начин ја злоупотребуваат можноста за неограничена меморија на овој интернет прелистувач.
Како што соопштија од компанијата, овој потег е само мала промена која нема да влијае на голем број на корисниците Google Photos.
Google досега ги поддржуваше форматите .mpg, .mod, .mmv, .tod, .wmv, .asf, .avi, .divx, .mov, .m4v, .3gp, .3g2, .mp4, .m2t, .m2ts, .mts, i .mkv фајлови.
Така, корисниците кои го користат Google Photos сега ќе мораат да бидат претпазливи или ќе треба да платат малку повеќе за користење на опцијата Google One.
Според мислењето критичарите, и покрај оневозможувањето на некои формати за прикачување, Google Photos нема да ја изгуби вредноста кај најголемиот број на луѓе кои максимално ја користат неговата можност за неограничена меморија.
Инаку, сервисот Google Photos е достапен на веб и како апликација за Android и iOS уреди. Кога се работи за зачувување на фотографии, Google исто така има одредени ограничувања, односно не дозволува зачувуање на фотогорафии со резолуција поголема до 16 MP.