Поддршката на Apple Music со Echo звучниците конечно пристигна. Корисниците во САД можат да го поврзат нивниот Apple Music профил со апликацијата Alexa и да слушаат музика преку звучниците на Amazon.
Откако ќе го поврзете вашиот профил на Apple Music со Alexa, ќе имате можност да го означите стриминг сервисот на Apple како вашиот default извор на музика, со што Alexa веднаш ќе ги пушта песните од тој сервис. Alexa ќе има пристап до вашата лична музичка библиотека и плејлистите кои вие ги креирате, и нуди плејбек контроли додека слушате музика. Гласовниот асистент нема да има можност да додава песни во вашата библиотека ниту пак да пушта музика која вие сте је додале од вашата музичка колекција.
Поддршката за Echo уредите го означува вториот гласовно контролиран звучник кој работи директно со Apple Music, освен HomePod на Apple.
Сè уште не се знае дали други звучници кои ја користат Alexa како на пример Sonos One ќе ја имаат истата компатибилност, иако според одреден блог пост на Amazon, сепак најверојатно поддршката се сведува само на звучниците Echo.
Поврзани артикли