Бројни научни кариери и големи суми на пари се потрошени на тоа да се предвиди каде и кога ќе се случи следниот голем земјотрес, но за жал овој тип на предвидувања се обележани како постојани неуспеси.
Некои од најразорните земјотреси во светот – во Кина во 2008 година, на Хаити во 2010 и во Јапонија во 2011 година – се случија во области кои се сметаат за релативно безбедни места на мапите за сеизмички ризик.
Сега, со помош на вештачка интелигенција, некои експерти велат дека преку промена на начините на анализа на големи количини на сеизмички податоци, ќе можат подобро да ги разберат земјотресите и да го предвидат нивното однесување, како и побрзо да издадат предупредувања за нив.
“За прв пат во мојата кариера сум полн со надеж дека ќе имаме пробив кога станува збор за овој проблем“, рекол Пол Џонсон, вонреден професор на Националната лабораторија Лос Аламос.
Новата истражувачка вештачка интелигенција се потпира на нервните мрежи, а истата технологија ќе успее го забрза и развојот на дигитални асистенти и автономните автомобили. Невронската мрежа е комплексен математички систем кој може да се научи да изведува одредени задачи, пишува “Недељник“.
Научниците велат дека сеизмичките податоци се слични на аудио податоците, што се користени од страна на компаниите како Амазон за да ги подготват нервните мрежи да ги препознаат гласовните команди на дигиталните асистенти како што е Алекса.
Кога го испитува земјотресот, компјутерот бара шаблони во низа податоци, наместо да се потпира на научниците, додава “Недељник“.
“Наместо редоследот на зборовите, имаме низа мерења на движењата на тлото“, вели Захари Рос, истражувач при Калифорнискиот институт за технологија. “Ние бараме ист тип на дефиниција во овие податоци”.