Три нови смартфони на Xiaomi само што се сертификувани од кинеската 3C агенција, а судејќи според се, изгледа дека пристигнува Redmi 7 серијата уреди.
Паметните телефони, со броевите на модели M1901F7C, M1901F7E и M1901F7T се одобрени со 5V/2A опција на полнење. Ова значи дека 10W полнач е стандард за основните уреди, како што се Redmi моделите.
Со оглед на тоа дека броевите на моделите почнуваат со М19, најверојатно новите Redmi смартфони не очекуваат на почетокот на 2019. година (актуелните модели почнуваат со ознаката М18).
Xiaomi се уште не го објави Redmi Note 6 Pro на домашниот пазар (Кина), а можно е дека компанијата во целост ќе го прескокне овој модел и ќе се префрли на следната генерација Redmi телефони, кои сега ги гледаме на сертификацијата.
Поврзани артикли