Руската државна телевизија “Русија 24” во една емисија претставила робот за кој подоцна се воспоставило дека е човек во костим.

Во прилогот, кој следел форум посветен на роботиката, фален бил хај-тек андроид – “Роботот Борис веќе научил да танцува. Дури и не е толку лош”.

Меѓутоа, на руските блогери кои ја следеле емисијата многу работи не им биле јасно. Поставени биле низа прашања – каде се наоѓаат надворешните сензори на роботот, зошто направил толку непотребни чекори додека танцувал, зошто Борис има такви пропорции на телото и слично.

Подоцна на фотографиите на роботот во подобра резолуција се виделе црти на човечки врат. Фотографиите се појавиле на социјалните мрежи.

Андроидот всушност бил човек облечен во костум на робот.

Костумот чини 3.000 фунти, а опремен е со микрофон и паметен екран. Создава речиси совршена илузија дека пред вас стои вистински робот.

Како што се наведува, организаторите на форумот немале намера лажно да го претстават маскираниот човек како робот.

Иако можеби тоа не го планирала, државната телевизија го направила токму тоа, и на гледачите го претставила како вистински хај-тек андроид.

“Многу е веројатно дека некои до овие млади посетители својот живот ќе го посветат на роботиката. Посебно бидејќи сега на форумот имаат можност да видат најмодерна верзија на робот”, рекол водителот на емисијата.

Потоа се слушнал одговор со роботски глас: “Знам добро математика, но би сакал да научам и да цртам”, рекол Борис, а потоа и танцувал.

Извор: Telegraf.rs