Новитет кој на многумина корисници ќе им го олесни животот.
Пет години откако Facebook Messenger го ископира WhatsApp и лансираше гласовни пораки, сега оваа опција конечно ја добива и Instagram, кој се наоѓа во сопственост на оваа социјална мрежа.
Корисниците сега можат да го држат копчето за микрофон за да снимат кратка гласовна порака, која се појавува во четот како аудио бран, кој примателот може да го преслуша кога ќе посака.
Гласовните пораки можат да бидат долги до една минута, да бидат трајно присутни во четот или да бидат избришани по некое време на iOS и Android уредите.
Ова е прилично корисна алтернатива на видео повиците, кои Instagram ги претстави во јуни оваа година.
Новата функција може посебно да им биде корисна на луѓето во движење, на кои им се зафатени рацете, или во земјите каде што интернетот е премногу скап за видео повици.