Прв пат јакната се појави пред повеќе од една година, а сега доби уште една корисна функција.
Новиот модел на паметната јакна Jacquard, е создадена во соработка на компаниите Google и Levi’s, а своите сопственици ги известува во ситуации кога ќе „процени“ дека би можеле да го заборават телефонот.
Кога сопственикот премногу ќе се оддалечи од својот телефон се активира опцијата Always Together. Тогаш јакната се огласува така што сензорот на ракавот почнува да свети и да вибрира, а исто така и смартфонот.
Пред воведувањето на оваа автоматска опција, потрагата по телефонот мораше да се направи рачно. Сопственикот мораше да направи одредено движење кое го активира сензорот во ракавот, а потоа телефонот започнуваше да ѕвони.
Покрај оваа нова функција, јакната нуди и опција за контрола на музичките содржини и популарниот сервис Google Maps. Цената на паметната јакна на Google и Levi’s Jacquard изнесува 350 долари.
Извор: Nezavisne.com