Дури 24 вработени во магацин на американската компанија Amazon завршија во болница по инцидентот со робот кој ги испрска со средство за заштита од мечки.
Инцидентот се случил во еден од магацините во Њу Џерси откако еден од роботите „откачил“ и изложил 55 работници на „капсаицин“, состојка што инаку се наоѓа и во солзавец и во лути пиперчиња.
Американски медиуми објавија дека 30 вработени добиле прва помош на лице место, а 24 завршиле во болница.
Сѐ се случило откако роборот зел канта со средство за заштита од мечки и одеднаш почнал да ги прска вработените.
Amazon се огласи по инцидентот и рече дека веќе е отворена внатрешна истрага за да се утврди како дошло до инцидентот во кој морало да интервенираат седум екипи на итната медицинска помош.