Руското Министерство за одбрана објави дека има ново ласерско оружје, последно во серијата напредни офанзивни системи. На видеото објавено од ова Министерство е прикажано како новиот „Пересвет“ систем излегува од еден хангар.
За време на неговиот говор за состојбата на нацијата во март годинава рускиот претседател Владимир Путин покажа серија напредни офанзивни оружја што ги развива неговата земја. Притоа тој го спомна и новото ласерско оружје, како и дрон и ракета на нуклеарна енергија.
Во јули руското Министерство за одбрана соопшти дека системите на борбени ласери „Пересвет“ веќе пристигнале во арсеналот на војската. Во август се појави вест за локацијата на распоредување на борбените ласерски системи.
Припадниците на единиците кои ги опслужуваат овие ултрамодерни системи поминаа специјална обука на Воено-космичката академија „Можајск“ и кај производителите, каде ги добија неопходните теоретски знаења и практични вештини, се истакнува во објавата.