Севкупен победник на тестот е Huawei Mate 20 Pro, но камерата на далеку поевтиниот модел на Xiaomi се покажа подобра од скапите флегшип модели на Apple и Samsung
Уредите на Xiaomi се познати не само поради нивните спецификации, туку и поради вредноста што ја добивате за вложените пари. Додека спецификациите не секогаш ја победуваат конкуренцијата, агресивните цени на кинеската компанија ги прават привлечни уредите на Xiaomi, посебно за луѓето со помал буџет.
Истото важи и за Xiaomi POCO F1 – паметен телефон од 300 долари кој совршено се вклопува во категоријата “прифатлив флегшип”, која ја предводеше OnePlus One. Не само што ќе добиете импресивен сет на спецификации, туку ќе ги добиете по цена која е навистина тешко да се игнорира. Уредот има неколку недостатоци, посебно во изборот на материјалите за изработка (ова е субјективно, бидејќи на некои луѓе поликарбонатот повеќе им се допаѓа од стаклото на задната страна на уредите) и неколку други области. Камерата исто така се смета за недостаток, но дури и мобилните телефони од премиум сегментот не се во можност да направат совршени фотографии.
Но, што точно бараме, кога ги оценуваме перформансите на камерата кај еден паметен телефон? Што е она што ја прави камерата на смартфонот “добра”? Популарниот YouTube влогер Marques Brownlee aka MKHBD го спроведе својот годишен тест на слепо (blind test) за камерата на паметните телефони, спротивставувајќи 16 популарни уреди едни против други во нокаут формат, за да одлучи кој телефон ќе понуди “најдобра” изведба на камерата.
Уредите во тестот ги вклучуваа смартфоните од највисока категорија како Google Pixel 3, Samsung Galaxy Note 9, Apple iPhone XS, LG V40, Huawei Mate 20 Pro и други.
Слепиот тест на MKBHD ги прогласи за најдобри перформансите на камерата на Huawei Mate 20 Pro, што воопшто не е изненадувачки, бидејќи уредот, барем на хартија, поседува импресивни спецификации на камерата.
Она што навистина е изненадувачки е дека Xiaomi Poco F1, кој чини само 300 долари за малку ќе победеше на слепиот тест. Мораше да му го препушти првото место на Mate 20 Pro, но претходно ги порази далеку поскапите флегшип уреди како iPhone X, Samsung Galaxy Note 9 и и Red Hydrogen!.