Во текот на изминативе неколку години Facebook се соочи со скандали и ги оправда сомнежите на корисниците, кои сѐ повеќе се грижат за својата дигитална безбедност. Резултатот е #DeleteFacebook, кампања што можеби и вас ве поттикна да ги избришете вашите траги од дигиталната империја на Марк Цукерберг.
Но, што ако постои алтернатива? Што ако наместо бришењето на Facebook, едноставно можете да го деактивирате профилот?
Разликата помеѓу деактивација и бришење
Наместо целосно да го избришете вашето присуство на Facebook, секогаш можете да го деактивирате вашиот профил. Разликата меѓу деактивацијата и бришењето на профилот се информациите што ги оставате. Ако сакате да направите мала пауза од социјалните мрежи, деактивацијата е добра опција.
Бришењето на фејсбук-профилот е конечно решение и дефинитивно ви предлагаме двапати да размислите пред да го направите тоа.
Дали луѓето може да го пребаруваат вашето име кога ќе го деактивирате Facebook-профилот?
Да, дефинитивно – само нема да им се појави во резултатите. Вашиот профил, лајковите и профилот ќе исчезнат, но ќе мора да направите неколку работи пред да успеете. Накратко, сѐ што имате на Facebook ќе биде невидливо.
Ако одлучите да го избришете Facebook-профилот, тој ќе исчезне. Но, целосното бришење нема да се случи неколку дена по вашата одлука бидејќи Facebook ќе ви даде време да се премислите. Ако се вратите на Facebook набрзо откако сте го деактивирале профилот, тој автоматски ќе се реактивира.
Понатаму, ќе ви бидат потребни 90 дена пред вашите информации да се избришат од фејсбук-серверите. Некои детали и понатаму ќе постојат, но сите лични карактеристики ќе исчезнат. Накратко, по бришењето на профилот ќе станете само статистика.
Дали со бришењето на профилот ќе се избришат и сите коментари?
Вашите објави на ѕидот нема да бидат видливи, а нема да можат да ги пронајдат ни вашите пријатели. Целиот профил едноставно ќе исчезне.
Ова не важи за коментарите што сте ги оставиле на туѓите профили. Имено, Facebook е опседнат со сеќавањата и сака да почувствувате носталгија кога ќе сакате да го избришете профилот. Компанијата сака да останете верни на нејзиниот бренд и тоа е причината зошто не сака да ги избрише вашите коментари. Вашето име ќе биде со здебелен текст, а линкот до вашиот профил нема да биде достапен.
Ако се вратите, сите објави и коментари ќе се вратат во живот. Но, ако сакате целосно да го избришете вашиот профил, социјалната мрежа вели дека податоците ќе исчезнат во период од три месеци, но тоа не можат да го гарантира за коментарите, реакциите и објавите на туѓите профили.
Дали може да се користи Messenger без Facebook?
Ако го избришете фејсбук-профилот, нема да можете да го користите Messenger. Причината е во тоа што по деактивацијата на профилот, Facebook ќе ве праша дали сакате да ги избришете профилот во Messenger. Ако одговорите со не, вашите информации ќе останат зачувани во апликацијата.
Дали луѓето можат да ги видат вашите пораки ако го деактивирате Facebook-профилот?
Да, и понатаму ќе можете да користите Messenger, што значи дека вашите пораки ќе бидат видливи по деактивацијата на профилот. Откако ќе притиснете „испрати“, сѐ додека имате пристап на интернет, пораката ќе биде испратена.
Ако го избришете Facebook, вашите досегашни пораки ќе имаат потпис „Корисник на Facebook“ и тие не можат да ви одговорат.
Дали може да се реактивира фејсбук-профилот?
Ако сте го деактивирале профилот, сѐ што треба да направите е повторно да се пријавите. Можете да ја промените лозинката ако мислите дека поминало многу време или ако сте ја заборавиле. Ако постои вашиот профил, значи дека постојат и вашите лични информации.
Што ќе се случи со фотографиите по деактивацијата?
„Фејсбук“ ги зачувал вашите податоци во случај да сакате да се вратите, што значи дека тагнувањето на фотографиите ќе ве чека да се вратите. Сите тагнувања ќе бидат обичен текст.
Истото ќе се случи и кога ќе го избришете профилот – ако отворите нов, изворните објави нема автоматски да се поврзат со вашето име. Ако се вратите, ќе мора да ги замолите пријателите повторно да ве тагнат на сликите и да се поврзат на вашиот нов профил.
Извор: Tportal.hr