Научниците од NASA порачуваат дека вонземјаните можеби веќе ја посетиле Земјата, но тврдат дека луѓето не можеле да ги забележат, бидејќи се “неверојатно мали”.

Научникот од NASA, Силвано M. Коломбано порачува дека вонземјаните изгледаат поинаку од луѓето или било која друга форма која нам ни е позната, како и дека имаат технологија, која ние дури не можеме ни да ја замислиме. Според него, ја имаат способноста за меѓуѕвездено вселенско патување.

Оваа изјава доаѓа откако NASA почна да го скенира универзумот за цивилизации, како дел од својата програма “Потрага по вонземска интелигенција”.

“Едноставно сакам да го истакнам фактот дека можеби ако успееме да ги пронајдеме или тие да не најдат нас, дека можеби ја немаат нашата структура”, истакна др. Коломбано.

Смета и дека денес научниците се премногу фокусирани на тоа да ги пронајдат знаците на модерната човечка технологијана другите планети, пренесува Daily Mail.

Ова значи дека можеле да им избегаат сигналите на цивилизациите кои се многу постари од Земјата, рече др. Коломбано.