На 30-ти ноември, Еуроимпекс го претстави најновиот модел во гамата, модуларниот Peugeot Rifter. Aвтомобилските новинари кои имаа можност да тестираат 2 различни мотори и ниво на опременост: Peugeot Rifter 1.5 Blue HDi 100 КС Active и Peugeot Rifter 1.5 Blue HDi 130 КС ЕАТ8 GT Line.
За време на возењето секој од лицата учесници имаше можност во одредени стоп точки да ја промени својата позиција во возилото со цел да ги почувствува перформансите на моделот во улога на возач, совозач или пак патник на задната клупа, каде подот е целосно рамен, па дури и да се наоѓа во средишна позиција, патникот има целосно чувство на комфор.
Почнувајќи од надворешниот дизајн, превземајќи ги кодовите на SUV сегментот, целосно новиот ентериер со Peugeot i-Cockpit, новите моторите, новата технологија со 19 функции за помош при возење, Новиот Peugeot Rifter одлично се покажа во Мавровскиот предел.
„Во сегментот во кој спаѓа новиот Peugeot Rifter, брендот бележи успех повеќе од 20 години со Peugeot Partner. Peugeot Rifter е конструиран под паролата „квалитет без компромис“ изработен е на нова EMP2 платформа, има нови мотори,
робусен и елегантен, со видлив квалитет на изработка и е генијално модуларен.“ – изјави Ивана Манчева Михајловска, регионален Маркетинг Директор во Еуроимпекс.
„Новиот Peugeot Rifter е сосема ново возило. Тој не е СУВ, не е моноволуменец. Тој е сосема нов предлог даден од Peugeot, затоа и имаме ново име. Самото име е кратко и веднаш потсеќа на движење вон градска средина, на робустност, модуларност, авантура…
На дизјанот од новиот Rifter имаат работено 30 дизајнери.
Точно е дека дизајнот на овој модел е повеќе агресивен и модерен, сепак ќе кажеме дека секое возило има свој стил, дизајн и своја потенцијална клиентела за која е наменет“ – изјави Ана Николоска, Менаџер за медиуми и односи со јавност во Еуроимпекс
Томислав Нафидов, Регионалниот директор на продажба во Еуроимпекс, издвои неколку од елементите по кои е препознатлив Новиот Peugeot Rifter:
-Неговиот изглед содржи линија на SUV возила (иако повторно ќе потенцираме дека овој модел не е SUV возило)
-Робусен, афирмативен и елегантен
-Предната страна: капакот на моторот е значително покус / дизајнот на решетката е по новите кодови на Брендот / препознатливиот светлосен LED потпис / а во долниот дел штитникот од кал е обложен со алуминиум.
-Странично до израз доаѓаат интегрирани во возилото кровните носачи / накосеното ветробранско сталкло / странична заштита од пластика/ големите тркала / повисок клиренс 18 cm.
-Задната страна – добро препознатливи LED стоп светла во форма на лавовски канџи / во зависност од изведбата задниот дел може да има 5-та врата со стакло на отворање или двокрилна врата.
-Внатрешноста располага со прочистен дизајн / инструмент таблата е повисоко поставена /располага со i-Cockpit / 8’’ екран на допир / компактен управувач кој има рамни делови / висока централна конзола / располага со многубројни места за одлагање на предмети во внатрешноста / во зависност од изведбата овој модел поседува и Zenith кров со електрични завеси кој дава поголема прегледност и осветленост во кабината /
-Zenith кровот има повеќе фунцкии, покрај поголемата осветленост во кабината, нуди простор за одлагање на предмети во својот централно поставен свод, потоа нуди дополнително амбиентално осветлување при ноќно патување.
-Во внатршноста, задната клупа е склоплива и тоа секое седиште засебно со можност за демонтирање на истите. Со преклопување на седиштата се добива рамен под и капацитетот на багажникот од 1414 литри (775 литри без преклопување на седиштата)
Што се однесува до моторите, новиот Peugeot Rifter располага со најновата генерација на Euro 6.2 мотори кои се веќе спремни за WLTP хомологација. Мотори од кои:
-2 бензински PureTech агрегати: со 110 и 130 КС (110=5 степен мануелен менувач / 130 = 6 степен мануелен или автоматски 8-степен EAT8)
-3 дизелски BlueHDi мотори: со 75, 100 и 130 КС (75 и 100 КС = 5 степен мануелен менувач, 130 КС = 6 степен мануелен или автоматски 8-степен EAT8)
(ПР-објава)
Поврзани артикли