Многу компании во Германија сериозно размислуваат за варијантата да ја заменат својата внатрешна Wi-Fi инфраструктура со затворени 5G мрежи – соопшти „MIT Technology Review“.
Меѓу нив е и автомобилскиот гигант Audi, кој веќе тестира такво решение за управување на роботи. Ако тестовите бидат успешни, Audi најверојатно ќе ги замени сите свои постоечки Wi-Fi решенија со 5G. Други производители на автомобили како BMW, Deimler и Volkswagen исто така пројавуваат сериозен интерес за новите можности.
Според „MIT Technology Review“ такви проекти имаат и голем број на компании од други индустрии, а во Германија има дури национална иницијатива наречена „Индустри 4.0“, која треба да стимулира слични решенија. Доаѓањето на приватните 5G мрежи пак ќе обезбеди бум за производителите на комуникациска опрема и компаниите кои управуваат со слични мрежи.