Instagram Stories е една од најдобрите функции на сервисот кој е во сопственост на Facebook, а овозможува споделување на битните моменти со пријателите (следбеници). Поради тоа, не претставува изненадување што и корисничката база експлодираше во теко на последните години.
Меѓутоа, постои одредена Stories содржина која корисниците сакаат да биде видлива само на лимитирана група луѓе, но Instagram досега ја немаше оваа можност. Сега сервисот објави дека има опција за делење на Stories со помал број пријатели, наместо со сите следбеници.
Ова е можно да се направи со креирање на листа на блиски пријатели на Stories, која ќе му биде видлива само на корисникот. Контактите нема да ја имаат можноста да бараат да бидат додадени на листата.
За да почнете со користење на новата функција, потребно е да одите на својот профил и да изберете “Close Friends List” во менито од страна. Исто така, ќе знаете дали пријателите ве додале на својата листа, кога ќе го видите зелениот беџ во текот на прегледување на нивните приказни.
Новата функција додава ниво на флексибилност на начин на кој се делат личните моменти на Instagram. Мрежата истакнува дека функцијата е веќе глобално достапна за Android и iOS верзиите на апликацијата.
Поврзани артикли