Според ново истражување на Универзитетот Кембриџ, социјалните мрежи како Facebook откриваат многу повеќе отколку што посакуваме, како на пример, нашата интелигенција, емоционалност и моментната емотивна состојба. Што е тоа што нѐ издава и може ли да се прикриеме?
– Интернет профилите и трагите се најточен одраз на нашето интернет поведение, смета Веселин Попов, вработен во Психометричкиот центар при Кембриџ и еден од одговорните за испитувањето.
Истражувањето опфатило над осум милиони лица, при што сите пополниле по еден психометрички тест. Врз основа на одговорите и преку компјутерски алгоритми, научниците дошле до заклучок дека од профилот на еден човек на интернет може да се дознае каков е тој и во вистинскиот живот.
Во објавите на поемоционалните луѓе, често се среќаваат зборови како „веќе”, „болен” и „мразам”. Во оние пак, на помалку емотивните луѓе, најчесто читаме: „игра”, „успех”, „недела” и „слава”.
Пораките говорат и за тоа дали сме интровертни или екстровертни. Поотворените често користат зборови како „забава”, „љубов”, „ноќ” и „викенд”. Позатворените луѓе пак, ги употребуваат зборовите „компјутер”, „не”, „не сакам” и „интернет”.
Дали еден човек е депресивен, исто може да се прочита од објавите. Обично, луѓето кои се во депресија објавуваат црно-бели фотографии.
Профилната слика пак, многу често не го одразува вистинското моментно расположение, како ниту фактичката состојба.
Поврзани артикли