Поминаа неколку месеци откако последен пат слушнавме нешто за флексибилниот телефон на Microsoft, Andromeda. Меѓутоа, според наводите од книгата под името „Beneath a Surface”, Microsoft планира со иновативниот уред да не изненади во текот на 2019. година.
Во книгата се споменува приказна за таблет, кој кога ќе се свитка функционира како смартфон. Но, Microsoft за овој уред нема да го користи регуларниот, стар Windows Phone OS, кој веќе замре. Наместо тоа, ќе биде понудено комплетно Windows искуство со некои помали модификации.
Се споменуваат и некои други уреди, кои Microsoft ги планира за 2019. година. Се очекува нова Xbox One конзола, Surface лаптоп со AMD процесор, редизајниран Surface Studio и директен iPad Pro 12.9 конкурент си USB-C порт за полнење и заоблени рабови околу екранот.