Американската вселенска агенција NASA соопшти дека роверот на „црвената планета“ снимил објект, чие што потекло уште не е утврдено.
Експертите на NASA сметаат дека веројатно станува збор за метеорит, меѓутоа, за да се потврди тоа неопходна е хемиска анализа.
Роботот „Кјуриозити“, се спушти на Марс во 2012 година. Неодамна му се придружи и сондата „Инсајт“, со цел да се испита внатрешноста на планетата.