Во неодамнешниот извештај на сајтот The Verge, се истакнува дека Microsoft размислува за AMD процесори за својата 2019 Surface линија на лаптопи. Популарната веб-страница за технологија сугерира дека Microsoft се мачел со деловите на Intel, во текот на креирањето на неодамна објавените Surface Go и други мобилни уреди.
Се истакнува дека Microsoft нестрпливо ги очекува 10 нанометарските Intel процесори, надевајќи се дека новата литографија драстично ќе ги подобри перформансите на Surface линијата. Меѓутоа, во последните години, AMD почна да испорачува поконкурентски производи на CPU пазарот, а преминот на компанијата на 7 нанометарски процес му дава шанса на Microsoft да се оддалечи од Intel.
Intel исто така е познат и по тоа што на своите клиенти им наметнува голем надомест за користење на процесорите, што дополнително доведува до ситуација, најефикасните чипови на компанијата да не можат да достигнат пониски цена. AMD, од друга страна, значајно е пофлексибилен и прифаќа пониски маржи, што на Microsoft му дава можност да развие поевтини уреди.
Според наводите, Microsoft ги разгледува AMD Picasso процесорите за планираната линија Surface лаптоп уреди.
Поврзани артикли