Се појави извештај кој го донесува сајтот 9to5Google, а заснован е на информации добиени од извор кој е запознат со мапата на производот. Според извештајот, Google Hangouts верзијата за корисниците ќе престане со работа во 2020. година. Дали ќе ова ќе стане вистина останува да се види, но Google засега не објави ништо официјално за иднината на апликацијата.
За гасењето на Hangouts се појавуваат гласини веќе некое време, а се сугерира дека една од причините е тоа што Googlе во меѓувреме објави други две апликации за испраќање пораки со фокус на мобилните уреди. Причината би можела да биде поврзана и со неодамнешната објава за гаснење на Google+ сервисот.
Hangouts се појави како дел од плановите на Google за идни апликации кои се покренувани од Assistant AI технологијата. Google би можел да го задржи сервисот за деловна употреба.