Instagram најави опција која би можела да им помогне на оние корисници кои имаат одредени оштетувања на видот.
Функцијата е во врска со системот за опишување фотографии, кој е поддржан од технологијата на вештачка интелигенција. Описите што ја овозможуваат оваа функција се познати како “alt text”, и веќе се користат ширум светот во различни цели, за сега да пристигнат и на Instagram. Корисниците ќе можат самостојно да внесуваат описи за своите фотографии, за да можат оние кои користат читач на текст, што подобро да ги доживеат.
Во случај некоја фотографија да нема соодветен опис, Instagram автоматски ќе ја покрене технологијата за препознавање на објекти, која овозможува аудио опис на она што се наоѓа на некоја фотографија. Facebook веќе неколку години го користи AI системот, кој е задолжен за опишување на фотографиите на слепите, а се очекува ваквите системи во иднина да станат уште покорисни, а како ќе се развиваат, ќе добиваат и нови опции.