Asus на својата официјална страница објави нов монитор за гејмери. Се работи за моделот XG32VQR, кој стана најновиот член на линијата ROG Strix.
Asus ROG Strix XG32VQR монитор е опремен со закривен 32-инчен VA панел со висока резолуција (2.560 x 1.440 пиксели) и поддршка за AMD FreeSync 2 HDR, Trace Free, Low Blue Light и други модерни технологии. Закривеноста на панелот е 1800R, контрастот изнесува 3000:1, брзината на одзивот 4 ms, а брзината на освежување 144 Hz.
Мониторот доаѓа со осветлување од 450 нита, што значи дека ги задоволил критериумите на најнискиот DisplayHDR сертификат – DisplayHDR 400. Да напоменеме уште дека ROG Strix XG32VQR има 125-процентна поддршка за sRGB и 94-процентна поддршка за DCI-P3 спектарот.
Како и поголем дел од другата гејмерска опрема, така и овој монитор доби RGB осветлување – AURA Sync. Осветлените детали се наоѓаат на задниот дел и на подножјето на куќиштето.
Сталакот на мониторот е дизајниран на начин, истиот да ги скрие портовите и каблите во својата внатрешност. Кога сме веќе кај портовите – ROG Strix XG32VQR има по еден HDMI (2.0), DisplayPort (1.2) i mini DisplayPort, еден 3,5-милиметарски аудио порт и USB 3.0 хаб.
Во текот на работата, ROG Strix XG32VQR троши помалку од 43 W електрична енергија, а во состојба на подготвеност и помалку – под 0,5 W. Asus засега не објави кога мониторот ќе биде достапен за купување, како ни колкава ќе му биде цената.