На дното на океаните е снимен татнеж од непознато потекло, за кој науката се уште нема објаснување од каде потекнува. Изворот на сеизмичките бранови се наоѓал приближно 24 километри од островот Мајоте, од каде што стигнал до брегот на Африка, Јужна Америка и Нов Зеланд.
Потресот траеше повеќе од 20 минути.
Научниците ја истакнуваат аномалната природа на овој феномен. Според експертите, брановите биле нискофреквентни и монохроматски, односно имале одредена и постојана фреквенција. Обично таквите одекнувања се екстремно силни земјотреси, но неодамна тие не се забележани.
„Никогаш претходно не сум видел такво нешто“, рече Јоран Екстром, сеизмолог на Универзитетот Колумбија, кој е специјализиран за аномални земјотреси.
Научниците сè уште не можат да ја утврдат причината за брановите. Се разгледуваат три верзии, промена на магмата под островот Мајоте, “бавен” земјотрес или ерупција на подводрн вулкан.